Share

За продукцијата

За продукцијата

01

За нас

Специјалност на студиото е снимање, монтажа и продукција на видео реклами за правните субјекти.
Богатото искуство на Зоран во оваа дејност започнува со 14 годишна работа во Телевизија Прилеп каде ги стекнува своите професионални вештини како „монтажер“. Согласно организациската поставеност тој продолжува во телевизијата да работи во последните години како „одговорен за режија на телевизиската програма“ на ТВ Прилеп. Според раководните лица во оваа компанија Зоран важи за еден од најголемите професионалци кој со посветеност и посебна љубов ги реализира сите дадени задачи и нови предизвици.
Неговото 30 годишно работно искуство во дејноста на фотографија и видео дополнително ги развива неговите клучни креативни и дигитални вештини и способности за ракување со опрема и напредни компјутерски програми за обработка на фотографија и видео записи
Во полето на продукција и фотографија, Зоран е добитник на повеќе локални, државни и меѓународни награди. Па така тој е добитник на Плакета „3то Ноемвриска награда на Град Прилеп“ за успеси во фото и видео, на Филмскиот фестивал Браќа Манаки е добитник на награда „Камера 300” и ,,златна камера 300“, на фестивалот во Пожега – Хрватска е добитник на награда златна плакета „Unica Medal“за едноминутен филм , кој што филм е влезен во најдобрите 20 филмови од светот на UNICA за 2018 година, и добитник е на награда за „Најдобра монтажа“ на државниот натпревар за 2015 и 2020 година. 2020 на Фестивалот Браќа Манаки во Битола добитник на специјална награда за зачувување на трајни вредности за филмот Тишина . 2020 на државниот фестивал за непрофесионален филм освојува (златна плакета за камера и златна плакета за монтажа)
ДООЕЛ „ФАН ПРОДУКЦИЈА – ЗОРАН“ е тим од повеќе професионалци снабдени со секаква опрема за снимање и фотографирање (камери 4К,апарат,дрон,кран, гимбл и останато)
Има сработено во последните три години реклами за повеќе компании ,Кратки филмови со кои има и награди Слатки сништа , Тишина и Заборавена земја,промотивно видео и виртуелно видео 360 за фабрика WIK, Прилепска Пивара , Витаминка ,снимање и реализација на емисија Манџа,карневал Прочка ,Пиво Фест ,Детски фестивали (Весели Ѕвончиња,Ѕвездички,Мел Фест,Мали Ангели )
невладини организации Рома Перспекти,Коалиција Сега ,Рома Перспектив,Si comunication, Luludi Skopje, Roma SOS ,Фестивал на пивото…

02

Опрема

Следејќи ги трендовите, ФАН Продукција Зоран настојува да биде во тренд и со технологијата. Располагаме професионална опрема за фотографија, видографија, монтажа, дрон, кранови, видео миксери.

  • 4к Panasonic AGUX 90

  • Nikon Z6II

  • Nikon D750

  • Nikon D800

  • Panasonic G9

  • Panasonic GH5

  • Panasonic G7

  • Dron MAVIC Air 2S

  • Blackmagic Design Atem Television Studio HD

  • Wiral lite cam

03

Нашиот ТИМ

Зоран Пиловски

CEO – Фотограф и видеограф

Роберт Темелкоски

Видеограф

Марјан Ристески

Видеограф

Славиша Цветаноски

Фотограф/Дрон оператор

Никола Томески

Видеограф/Кран оператор

Симеон Кочоски

Фотограф

04

Задоволни клиенти

05

Фан Зоран продукција

Дел од нашата работа позади камерите