За нас

“Секој кадар што го доловуваме не е само слика – тоа е приказна создадена да трае цел живот.”

Зоран Пиловски / Видеограф

FUN PRODUCTION Zoran

01

Повеќе од 30 години искуство во раскажување приказни преку објективот.

30

+

Повеќе од 30 години професионална работа

Специјалност на студиото е снимање, монтажа и продукција на видео реклами за правните субјекти.
Богатото искуство на Зоран во оваа дејност започнува со 14 годишна работа во Телевизија Прилеп каде ги стекнува своите професионални вештини како „монтажер“. Согласно организациската поставеност тој продолжува во телевизијата да работи во последните години како „одговорен за режија на телевизиската програма“ на ТВ Прилеп. Според раководните лица во оваа компанија Зоран важи за еден од најголемите професионалци кој со посветеност и посебна љубов ги реализира сите дадени задачи и нови предизвици.
Неговото 30 годишно работно искуство во дејноста на фотографија и видео дополнително ги развива неговите клучни креативни и дигитални вештини и способности за ракување со опрема и напредни компјутерски програми за обработка на фотографија и видео записи
Во полето на продукција и фотографија, Зоран е добитник на повеќе локални, државни и меѓународни награди. Па така тој е добитник на Плакета „3то Ноемвриска награда на Град Прилеп“ за успеси во фото и видео, на Филмскиот фестивал Браќа Манаки е добитник на награда „Камера 300” и ,,златна камера 300“, на фестивалот во Пожега – Хрватска е добитник на награда златна плакета „Unica Medal“за едноминутен филм , кој што филм е влезен во најдобрите 20 филмови од светот на UNICA за 2018 година, и добитник е на награда за „Најдобра монтажа“ на државниот натпревар за 2015 и 2020 година. 2020 на Фестивалот Браќа Манаки во Битола добитник на специјална награда за зачувување на трајни вредности за филмот Тишина . 2020 на државниот фестивал за непрофесионален филм освојува (златна плакета за камера и златна плакета за монтажа)
ДООЕЛ „ФАН ПРОДУКЦИЈА – ЗОРАН“ е тим од повеќе професионалци снабдени со секаква опрема за снимање и фотографирање (камери 4К,апарат,дрон,кран, гимбл и останато)
Има сработено во последните три години реклами за повеќе компании ,Кратки филмови со кои има и награди Слатки сништа , Тишина и Заборавена земја,промотивно видео и виртуелно видео 360 за фабрика WIK, Прилепска Пивара , Витаминка ,снимање и реализација на емисија Манџа,карневал Прочка ,Пиво Фест ,Детски фестивали (Весели Ѕвончиња,Ѕвездички,Мел Фест,Мали Ангели )
невладини организации Рома Перспекти,Коалиција Сега ,Рома Перспектив,Si comunication, Luludi Skopje, Roma SOS ,Фестивал на пивото…

ТВ Емисии
Дел од снимањето на ТВ Емисија
Пивофест
Реализација на аудио/видео пренос на ПивоФест Прилеп
Свадби
на терен
Резултат
Вашата љубовна приказна, зачувана засекогаш.“
опрема

Работиме со современа професионална опрема која гарантира врвен квалитет на слика, звук и продукција

03

Skyline Prestige Award

Pinterest

2025

Modern Habitat Honors

Dell

2024

Elite Realty Recognition

Intel

2024

Urban Excellence Award

Tesla

2023

Property Visionary Trophy

IBM

2023

Landmark Legacy Award

PayPal

2022

Architectural Impact Prize

Snap Inc.

2021

happy sponsors

As you can see our happy & bold backers

04

CLOSE
Секој момент заслужува совршена приказна.
Повеќе од 30 години со Вас 
+38970371977
funprodukcijazoran@yahoo.com
Бизнис Центар - Прилеп